Беше исфрлена на ЛОИ во Лондон, а сега стана хероина на нацијата

Грејсија Поли во игра на двојки заедно со Апријани Рахаји стигнаа до златниот медал во бадминтон на ЛОИ во Токио. Со овој успех тие донесоа златен медал на Индонезија, земја во која бадминтон е еден од најпопуларните.

Успехот на Поли е посебен затоа што таа пред девет години доживеа срам на ЛОИ во Лондон. На Игрите во 2012 година, Поли беше обвинета дека наводно намерно загубила за да си намести полесен противник во четвртфиналето и ја загуби шансата да се бори за медал.

Овојпат, Поли и Рахаји стигнаа до златото откако во финалето без многу проблеми со 2:0 во сетови (21:15 и 21:19) го победија кинескиот пар.

Поли во Индонезија е позната и по тоа дека работи како модел за реклами, а од неодамна се омажи за бизнисменот Феликс Џимин.

 

- Оглас -

Најнови вести