Женската кошаркарска репрезентација на Јапонија е едно од најголемите изненадувања на Летните олимписки игри во Токио и ќе игра историско финале против Соединетите Американски Држави.
Денеска популарните Самурајки ја декласираа фаворизираната селекција на Франција со 87:71 и спречија идентично финале како во машката кошарка, каде што за златен медал ќе играат Франција и САД.
По лошиот почеток и негатива од 8 поени разлика по првата четвртина, 14:22, Јапонките се разиграа, летаа на паркетот на „Саитама арената“ и изненадувачки лесно се справија со фаворитките од Франција.
Бекот на Јапонките, Руи Мачида, приреди подвиг со неверојатни 18 асистенции, а прв стрелец кај победничкиот состав беше Акахо со 17 поени.
Мијазава постигна 14 поени, а повторно Јапонките приредија шутерско шоу со 11 тројки од 21 обид. Претходно Американките лесно ја победија Србија во првото полуфинале со 79:59 и се големи фаворитки за златниот медал.