Стоминутна драма во Мајнц за реми 1:1

Мајнц постигна гол за победа во 99. минута, но му беше поништен, па стоминутната драма против Хановер заврши нерешено, 1:1.

Во меч од 14. коло во Бундеслигата Хановер поведе рано, во 12. минута со голот на Вејдант и ја имаше предноста до финишот, а на крајот се спасуваше од пораз.

Мајнц израмни во 89. минута со голот на Бросински од пенал и потоа постигна уште еден гол, но тој беше поништен. Мечот имаше десетминутно продолжение поради повреда на играч на Хановер, но победник немаше.

Мајнц остана на десеттото место со 19 бодови, а Хановер е претпоследен со 10 бодови.

- Оглас -

Најнови вести