Левандовски може да направи трансфер во Манчестер сити!

Роберт Левандовски е докажана фудбалска машина за постигнување голови. Полскиот репрезентативец постави многу рекорди со своите погодоци во дресот на Баерн Минхен, каде што веќе го има и статусот на клупска легенда. Сепак, според некои најави, може да се случи Левандовски набрзо да си замине од баварскиот гигант.

Според пишувањата на реномираниот „Билд“, а по изјава на агентот на Левандовски, Пини Захави, за Полјакот се интересирал Манчестер сити. Граѓаните уште пред почетокот на оваа сезона се распрашувале за Левандовски, но немаше ништо од реализација на евентуален договор.

Левандовски има актуелен договор со Баерн Минхен до 2023 година, што значи дека засега барем германскиот тим е сигурен дека нивниот најдобар фудбалер нема да си замине толку лесно.

 

- Оглас -

Најнови вести