„Докторски“ изведен слободен удар на Баерн Минхен (Видео)

Баерн Минхен пред неколку дена го претрпе најтешкиот пораз во последните 40-тина години, откако со 5:0 загуби од Борусија Менхенгладбах и беше елиминиран од Купот на Германија. Дека тој пораз во Купот веќе е заборавен, германскиот првак покажа во првото полувреме на гостувањето кај Унион Берлин.

Шампионот води со 3:1 на полувреме, а посебно убав беше погодокот на Роберт Левандовски по еден слободен удар. Гостите направија одлична комбинација, а Левандовски немаше милост и ја затресе мрежата на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести