Уште сега е јасно дека Левандовски и во 2022 година ќе остане без Златната топка

Роберт Левандовски дефинитивно требаше да ја освои Златната топка во 2020 година, но поради пандемијата со корона-вирусот, организаторот „Франс фудбал“ реши да ја откаже манифестицијата и да не прогласи најдобар фудбалер.

И во 2021 година Левандовски блескаше, но, за жал, фактот дека Лионел Меси го донесе првиот трофеј на Аргентина во Копа Америка по пауза од речиси 30 години и тоа дека Лео имаше блескави индивидуални бројки, го оставија Полјакот на второто место.

Левандовски синоќа ја доби наградата „Најдобар напаѓач“, титула која очигледно ја додадоа само за да му се даде некаква награда на голгетерот на Баерн Минхен.

Следната година, Златната топка ќе има нови правила. Гласањето ќе се спроведе подоцна затоа што во 2022 година ќе има Светско првенство. За првпат Мундијалот ќе биде во зимски период, односно од 21 ноември до 18 декември. За да може да се земе предвид успехот на планетарниот собир, Златната топка ќе се додели по завршувањето на СП во Катар.

Оваа одлука дополнително му ја загрозува позицијата на Левандовски. Полска е дел од баражот за пласман на СП, но доколку не се избори за место на завршницата, автоматски ќе значи дека Левандовски и во 2022 година нема да може да се надева на Златната топка.

Доколку Франција го одбрани светскиот трон, тоа ќе му даде голем бонус на Килијан Мбапе, но и Меси ќе има шанса за осма Златна топка доколку успее да ја донесе Богињата во Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести