„Франс фудбал“ ќе ја исправа неправдата, Левандовски веројатно сепак ќе ја добие Златната топка

Главниот уредник на „Франс фудбал“, Паскал Фер, најави дека е можно Роберт Левандовски да добие Златна топка за најдобар фудбалер во 2020 година. Оваа најава доаѓа по жестоките реакции во светот за изборот на Лионел Меси за најдобар во 2021.

Левандовски беше доминантен минатата година, но „Франс фудбал“ реши да не доделува Златна топка, а неправдата не беше исправена ниту годинава. И самиот Меси изјави дека Левандовски треба да добие Златна топка за минатата година.

„Системот на гласање е демократски, 170 луѓе гласаа за Меси. Јас би го избрал Левандовски, но и Меси ја заслужува наградата. Треба да размислиме околу доделување на Златна топка за 2020 година, но не треба да избрзуваме, не може да бидеме сигурни дека тој ќе победеше лани ако имаше гласање“, изјави уредникот на „Франс фудбал“.

- Оглас -

Најнови вести