Формула 1 тимот Ферари, би можел да добие огромно засилување, и следната година во тимот да го има славниот Французин Жан Тод, кој е претседател на светската автомобилистичка федерација, ФИА.
Тод привршува со својот последен мандат како прв човек на ФИА. На 17-ти декември ќе се извршат избори за нов раководител, а кандидати некогашниот рели возач Мохамед бин Сулајем и адвокатот и актуелен вицепретседател ФИА, Греем Стоукер.
Тод кој има 75 години, размислува да се врати во Ферари, каде беше шеф во најславните денови на италијанскиот тим кога Михаел Шумахер доминираше и освојуваше пет титули по ред, благодарение и на тактиката на Тод и Рос Браун. Се шпекулира дека Тод во Ферари би имал улога на специјален советник.
Тод со Ферари освои шест титули на пилоти (пет на Шумахер и една на Кими Раиконен), и осум титули во конкуренција на конструктори.