Барселона поради 10 милиони евра го стопира развојот на талентираниот фудбалер!

Јусуф Демир е талент кој летово дојде во Барселона, но со сигурност сега нема да игра во следните шест недели. Осумнаесетгодишниот Демир во Барселона дојде на позајмица од Рапид Виена и досега одигра девет меча.

Во договорот меѓу двата клуба стои дека Барселона ќе плати 10 милиони евра за целосно откупување на договорот на Демир, ако крилниот играч за врска одигра 10 меча во првиот дел од сезоната.

Демир играше на шест средби во првенството и три во Лигата на шампионите. Интересно е што трипати влезе само за да одигра неколку минути, но и тоа се брои за настап. Вкупно има поминато 290 минути на терен во дресот на Барселона, а ако во следните шест недели се појави макар и на уште една минута, каталонскиот гигант ќе мора да му исплати 10 милиони евра на австрискиот тим.

Барселона веќе подолг период е во финансиска криза и едноставно челниците на клубот одлучиле дека мора да ги заштедат тие 10 милиони евра, и тоа на сметка на развојот на талентираниот Демир.

- Оглас -

Најнови вести