Македонија нема да испадне директно во Лига Д од Лигата на нациите дури и ако биде последна во Лига Ц

Попладнево во седиштето на УЕФА во Нион ќе се изврши ждрепката за сезоната 2022/2023 за Лигата на нациите.

Македонската репрезентација е во Лига Ц, а УЕФА потврди дека нема директно испаѓање од овој сегмент, туку репрезентациите кои ќе бидат последни, ќе разигруваат во плејаут со некои селекции од Лига Д, каде што се најслабите во Европа.

Носители во Лига Ц се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска. Во вториот шешир е Македонија, заедно со Грција, Белорусија и Луксембург. Можни противници од третиот шешир ни се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово, а од четвртиот, и најслаб, може да ни се паднат Гибралтар, Фарски Острови и два тима од плејаут баражите (Казахстан или Молдавија и Кипар или Естонија).

 

- Оглас -

Најнови вести