Милер и Левандовски пишуваа историја во последниот меч на Баерн во 2021 година (Видео)

Баерн Минхен со победа од 4-0 над Волфсбург, се прости од 2021 година. За Баварците ова беше последен меч годинава, а за Томас Милер беше 400-ти настап во Бундеслигата во дресот на Баерн (има 133 гола и 193 асистенции).

Милер даде гол за 1-0, асистираше за деби голот на Дајо Упамекано како играч на Баерн. Лирој Сане со мајсторски прецизен шут од далечина зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Роберт Левандовски кој откако пропушти неколку зрели шанси, сепак во финишот даде гол со кој го надмина Герд Милер на вечната листа по број на бундеслигашки погодоци во една календарска година.

Полјакот годинава даде 43 гола, и го остави зад себе рекордот на Герд Милер од 1972 година, кога легендата даде 42 гола во германската прва лига. Во сите натпреварувања, Левандовски даде вкупно 69 гола годинава.

Ова е голот на Сане:

- Оглас -

Најнови вести