Левандовски требаше да одбере меѓу Меси и Роналдо, а го одбра….

Роберт Левандовски во изминативе две години блеска, но голгетерот на Баерн Минхен остана без најважната индивидуална награда, а тоа е Златната топка. Пред две сезони оваа награда не се доделуваше поради пандемијата со корона-вирусот, а оваа година Левандовски заврши на второто место веднаш зад Лионел Меси, кој стигна до рекордната седма Златна топка.

Како утешна награда, Левандовски доби неколку признанија, меѓу кои е и Globe Soccer Awards 2021 што се доделува во Дубаи. По добивањето на признанието, Левандовски беше запрашан кој е најдобар фудбалер, Меси или Роналдо, а одоговорот на голгетерот на Баерн Минхен беше уникатен.

„Го одбирам Левандовски. Толку многу ме прашуваа за Златната топка. Минатата година доделувањето на наградата беше одложено, а јас освоив сè што може да се освои. Оваа година постигнав 69 голови и направив сè што можев. Во Лигата на шампионите поради повреда не можев да играм против ПСЖ. Кога ќе застанам пред огледало и кога ќе се погледнам, јасно знам дека сум задоволен од покажаното“, рече Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести