Металург победи со гол во последна секунда (Видео)

Металург како гостин славеше кај Извиѓач со 31:30 благодарение на голот на Александер Шпенде во последната секунда од натпреварот, и тоа со удар од седум метри.

Шпенде и 21-годишниот Мице Шилегов со по 9 гола беа најефикасни кај Металург.

„Одигравме добар натпревар со многу голови. Според мене, тесниот финиш е нешто најдобро што овој спорт може да го понуди. Среќни сме со резултатот бидејќи зимската пауза ќе ја минеме во позитивно расположение“, изјави Словенецот Шпенде, кој ги даде последните три гола за Металург на ова гостување, а имаше и четири асистенции.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот и погодокот за радост на Металург:

- Оглас -

Најнови вести