Спортска прогноза: Торинската „стара дама“ против „волчицата“ од Рим

Последна шанса за прогнозерите да го освојат мобилниот телефон на Спортска прогноза во 2018 година. Во ова коло, највозбудливиот дуел ќе биде во Торино, каде што Јувентус ќе ја пречека Рома, што ќе биде дерби-меч во рамките од 17-тото коло во Серија А.

 

Ова ќе биде 44-та меѓусебна пресметка, а од претходните 43 меча, статистиката е во корист на Јувентус за повеќе од двојно. „Старата дама“ брои 22 победи, „ римската волчицата“ само девет пати се радувала против актуелниот италијански првак, додека 12 средби завршиле без победник. Кога играле овие две екипи една против друга, во просек се постигнувале повеќе од 2,5 гола по натпревар.

Гледајќи го вкупниот збир на меѓусебни средби, Јувентус редовно ја тресе мрежата на Рома барем двапати, но таков учинок нема остварено на последните пет меча, во кои има три триумфи, еден пораз и едно реми против екипата од Рим. Рома загубила со идентичен резултат (1-0) на последните три гостувања во Торино на „Алијанц арената“, црна серија која ќе се обиде да ја прекине токму во сабота (20:30 часот).

За Еузебио ди Франческо добри вести се закрепнувањата на голгетерот Един Џеко и капитенот Даниеле де Роси, кои веќе неколку дена се во процес на пренирање и ќе бидат достапни за настап.

Во досегашните осум кола имаше неколку 11-ки, но ниту еднаш не се најде јунак кој ќе ги погоди сите 12 мечеви. Освен телефонот, кој следува за перфектно прогнозирање, секое коло тука се и ваучерите од Sport Life. За 11 погодени натпревари следува ваучер од 1.000 денари, за 10-ка се добива ваучер од 500 денари, додека 200 денари ваучер имаат сите оние со девет погодоци на Спортска прогноза.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести