Португалија во Амстердам ја победи Србија со 4-2 на отворањето на Европското првенство во футсал.
По пензионирањето на славниот Рикардињо, Португалија има едно огромно оружје помалку, но вечерва покажаа дека и без него, сепак имаат квалитетни поединци кои ќе се борат за висок пласман на ова ЕП кое е прво со 16 земји учеснички.
Србија изненади на стартот и водеше со 2-0, двоен стрелец беше Пршиќ, но веќе до крајот на првото полувреме Португалците ги консолидираа своите редови и израмнија на 2-2.
Потоа во второто полувреме, актуелниот светски и европски првак продолжи во ист ритам, па во 26-та минута, за само 40 секунди даде уште два гола, и ја најави победата.