Кога нема конкуренција, Левандовски ги стигнува неговите рекорди

Баерн Минхен не дозволи изненадување во дуелот со последнопласираниот Гројтер Фирт и победи со 4:1, иако на полувремето домаќините беа во негатива. Како по обичај, најзаслужен за пресвртот на Баерн и победата е Роберт Левандовски.

Најдобриот голгетер не само во Германија туку и во Топ 5 лигите вчера постигна два гола и со тоа израмни еден свој рекорд. За полскиот репрезентативец ова е 28 погодок сезонава во 23 натпревари. Ниту еден друг фудбалер во историјата на Бундеслигата нема дадено толку голови до оваа фаза од првенството освен тој самиот. Левандовски истиот скор од 28 гола по 23 кола го имаше и лани, кога сезоната ја заврши со 41 погодок, надминувајќи го неколкудеценискиот рекорд на легендарниот Герд Милер, кој имаше 40 гола во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести