Роман Абрамович е во Белорусија и одговори на апелот на украинските власти да се обиде да помогне за да се врати мирот во земјата.
Сопственикот на Челзи, кој го замрзна својот статус во англискиот клуб и ја префрли управувачката функција на хуманитарниот фонд што го предводи Брус Бак, сега ќе се обиде да помогне во неофицијални преговори меѓу Украина и Русија.
Помош побараа познати украински личности предводени од познатиот режисер Александер Родњански, кој има и номинација за Оскар.
Абрамович ја прифатил понудата за присуство на преговарачката маса што би требало да се одржи денеска попладне во Белорусија.
Роман минува низ тежок период откако британските власти донесоа одлука да му забранат влез во земјата и го означија како еден од триесеттината олигарси што го поддржуваат Владимир Путин.
Во такви услови неодржливо стана неговото раководење со Челзи, клубот што го купи во 2003 година и оттогаш беа освоени 19 титули.