Ел Чирингито најави фудбалска бомба: Левандовски се сели во Шпанија, но не во Реал и Барса (Фото)

Шпанскиот медиум Ел Чирингито ТВ со добро проверени информации објави фудбалска бомба и најави дека Роберт Левандовски би можел да биде нов играч на Атлетико Мадрид веќе во следниот преоден рок.

Новинарите на Ел Чирингито објавија и дека семејството на Кралот на стрелците во Европа сака да се пресели во Шпанија и го притиска Левандовски да потпише за клуб од Пиринеите.

Левандовски веќе има 33 години, а 12-та сезона по ред игра во Германија. Во 2010 година Полјакот се пресели од Лех Познањ во Борусија Дортмунд, а потоа во 2014 година потпиша за Баерн Минхен.

Има договор со Баварците до јуни 2023 година, но можно е една година порано да си замине од клубот и според информацијата на Ел Чирингито, да се пресели во редовите на актуелниот првак на Шпанија, Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести