ФИФА пресече, конечната одлука е Полска без игра да се пласира во финалниот бараж, а Шкотска и Украина ќе играат во јуни

ФИФА донесе конечна одлука и Русија дефинитивно е елиминирана од баражите за настап на Светското првенство, а најмногу доби Полска, репрезентација која ќе игра само еден меч за настап на Мундијалот во Катар.

Мечот меѓу Шкотска и Украина нема да се игра во март, туку е закажан за во јуни, одлучи ФИФА.

Полјаците требаше да ѝ гостуваат на Русија на 24 март, но поради воената интервенција на Русите во Украина, Армејците се елиминирани од ФИФА.

Полска доби шанса да игра само еден меч за пат на СП во Катар, а пролонгиран е и бараж-мечот на Украинците против Шкотска.

Полјаците ќе играат со подобриот од мечот меѓу Шведска и Чешка, а подобриот од мечот Шкотска и Украина ќе се обиде да го надигра победникот од мечот меѓу Велс и Австрија за пат во Катар.

- Оглас -

Најнови вести