Ѓаволски би бил трансферот на Левандовски во Манчестер јунајтед

Германскиот „Билд“ објави интересна информација за можен трансфер на Роберт Левандовски во Манчестер јунајтед веќе ова лето.

Кралот на стрелците во Европа гази со голови и е во топ-форма, но не е задоволен од условите што му ги нуди Баерн за продолжување на договорот, па ако не дојде до договор, веднаш ќе реагираат Црвените ѓаволи од Англија, објави „Билд“, а пренесуваат и англиските медиуми.

Левандовски би бил огромно засилување за најтрофејниот англиски клуб, кој се доведе во ситуација да нема класичен шпиц.

Кавани не игра, а моментно Кристијано Роналдо најчесто ја има улогата на главен напаѓач, иако тоа не е негова позиција, а веќе има и 37 години.

Левандовски е четири години помлад и сè уште игра во топ-форма, а завчера стана и сопственик на најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на шампионите кога постигна три гола од 12-тата до 23-тата минута во победата на Баерн против Салцбург со 7:1.

- Оглас -

Најнови вести