Чеферин ја живна одличната идеја – Македонија и европските селекции да играат со Бразил, Аргентина…. во Лигата на нациите

Александер Чеферин повторно ја оживеа одличната идеја за европските репрезентации и првиот човек на УЕФА сака Бразил, Аргентина и дел од останатите селекции од Јужна Америка да играат во Лигата на нациите.

Во интервју за „Глобо“, Чеферин повторно нагласи дека тоа е одлича идеја и Европа сака фудбалски дуели со Јужна Америка.

„Знам дека ФИФА реагираше со најава за Светски првенства на секои две години, но тоа веќе не е опација, па ние сакаме Јужноамериканските селекции да играат со европските во Лигата на нациите. Би се вратил ривалитетот, би се играло почесто на два фудбалски најразвиени континенти и Лигата на нациите, но и репрезентациите би имале корист. Вака, според овој систем на натпревари, нема ниту пријателски дуели меѓу репрезентатциите од Европа и Јужна Америка, што не е добро ниту за едните, ниту за другите“, изјави Чеферин.

ФИФА првично се спротивстави на ваквата идеја што ја промовира Чеферин, но не е нова и егзистира во последните година-две.

Од ФИФА најавија дека ќе се игра Светско првенство на секои две години, но потоа се откажаа од идејата, па можеби сега е вистинско време за реализација на планот на Чеферин и УЕФА и можни дуели на Македонија и останатите европски селекции со Бразил, Аргентина, Чиле, Уругвај, Еквадор, Колумбија… во Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести