Сабонис: Не верував дека е можно, Словени убиваат Словени, на Русите не може да им се верува!

Веројатно најдобриот европски центар на сите времиња, Литванецот Арвидас Сабонис, даде интервју во кое жестоко го критикуваше рускиот напад на Украина.

Сабонис не можел да верува што се случува, додека неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата на СССР, Александар Волков, не му испратил снимка од експлозии во близина на домот. Украинецот Волков веќе зеде оружје и се вклучи во одбрана на татковината.

„Не сум стручњак за политика, но ако некој не го запре Путин, работите во светот може да бидат поинакви од сегашните. Кога почна војната, цел ден бев пред телевизор. Мислев дека ќе престане кога Путин прогласи независност на Доњецк и Луханск, но ја нападнаа Украина од сите страни. Кој можеше да замисли такво нешто? Јас не мислев дека е можно во денешно време да се случува ова. Волков ми испрати видео на кое од неговиот прозорец се гледа експлозија. Не ми се веруваше дека таму е таква ситуацијата“ – вели Сабонис.

Литванската кошаркарска легенда е огорчен од Русите.

„Некои се извинуваат, други молчат. Што може да се очекува кога во Русија ќе лежиш 15 години во затвор ако си против војната. Пропагандата не е почната вчера, на тие лажговци веќе никогаш нема да може да им веруваме. На Русија не треба, и не смее да ѝ се верува. Словени убиваат Словени, брат војува против брат. Ни за 50 години работите нема да може да се вратат на старо“ – смета Сабонис, кој ја поддржува одлуката руските клубови да бидат исклучени од Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести