Филип Талески го одигра еден од најдобрите мечеви во репрезентативниот дрес на Македонија. Токму бекот беше предводникот во нападот и секогаш кога беше потребно, погодуваше во мрежата на Романија.
Талески бомбардираше со шутеви од сите страни, а имаше и фантастичен цепелин во соработка со Кирил Лазаров. На крајот, Талески мечот го заврши со 10 голови, а и неговата игра на овој меч беше за чиста ДЕСЕТКА.