Најдобриот напаѓач го менува клубот: Левандовски ја одбра наредната дестинација (ФОТО)

Изминативе години Роберт Левандовски важи за најдобриот напаѓач во светот. Иако голем број фанови нема да се согласат со тоа, сепак Полјакот тоа што го прави во дресот на Баерн Минхен е нереално, а според сите параметри, тој требаше да биде и добитник на Златната топка.

Левандовски налето станува слободен агент откако ќе му истече договорот со Баерн Минхен, а веќе се појавија информации која ќе биде негова наредна дестинација.

Шпанскиот весник „Дијарио спорт“ вели дека Полјакот ќе оди во Барса, каде што ќе потпише договор до 2026 година. Според овој медиум, трансферот би требало брзо да се реши поради одличните односи на претседателот на Барса, Хуан Лапорта, и агентот на фудбалерот, Пини Захави.

- Оглас -

Најнови вести