Русите прават план како да ја избегнат суспензијата од УЕФА и ФИФА

Воената инвазија на Русија врз Украина имаше големо влијание и во спортот. Голем дел од руските спортисти беа санкционирани и добија забрана за настапи. Еден од најдрастичните примери е суспензијата која ја доби Руската фудбалска федерација од УЕФА и ФИФА.

Русија требаше да биде дел од бараж-мечевите за пласман на Светското првенство во Катар, но наместо фудбалска борба, Русите добија автоматско исклучување и останаа без можност да играат на Мундијалот во Катар.

Најавите се дека доколу оваа суспензија на Русија остане подолго, може да се случи Фудбалската федерација на оваа земја да побара да се откаже од членството во УЕФА и да влезе да биде дел од Азиската фудбалска конфедерација.

Низ историјата се познати неколку случаи во кои земји ги менувале фудбалските федерации, па така Израел и Казахстан сега се дел од УЕФА, а Австралија игра во азиските квалификации.

 

- Оглас -

Најнови вести