Русија излегува од натпреварувањата под капата на УЕФА и ќе се „сели“ во Азија

Рускиот фудбал се соочува со тотална суспензија од страна на УЕФА по инвазијата на оваа држава кон Украина.

Сениорскиот национален тим само тренира и нема ниту пријателски натпревари, додека клубовите се исфрлени од сите натпреварувања под капата на УЕФА. Од Руската фудбалска федерација размислуваат за префрлање во азиските натпреварувања, како и тоа селекцијата да игра во АФЦ Азискиот куп.

„Се надевам дека брзо ќе се надмине сè, а доколку не биде така, тогаш треба да се насочиме кон Азија. Јас не би имал никаков проблем доколку нашите екипи играат средби во Кина, Саудиска Арабија, бидејќи сметам и дека таму се игра атрактивен и интересен фудбал“, изјави Андреи Канчелскис претставник од управниот одбор на Руската фудбалска федерација.

Спартак Москва требаше да игра меч против РБ Лајпциг во осминафиналето од Лигата на Европа, но тимот беше исфрлен од страна на УЕФА во моментите кога клубовите од најголемата земја по површина се соочуваат со големи финансиски проблеми.

- Оглас -

Најнови вести