Манчестер сити – Ливерпул втор дел само за две недели на Спортска прогноза

Двете најсилни екипи во англиското првенство, Манчестер сити и Ливерпул, во неделата одиграа 2:2 во меч од Премиер лигата и потврдија дека борбата за титулата ќе биде драматична до самиот финиш. Овие два тима в сабота повторно ќе бидат на мегдан, но овојпат во полуфиналето на ФА купот, па играчите на Спортска прогноза повторно ќе имаат предизвик да го погодат фиксот.

Стандардно и во ова коло главната мисија е да се погодат сите 13 парови, односно да се стигне до Среќна 13-ка, која ја носи главната премија, мобилен телефон „ајфон 12“. За оние кои ќе имаат 12 или 11 погодоци, следуваат вредносни ваучери од по 1.000, односно 500 денари, па секако тоа е дополнителен предизвик да си го испробате знаењето и среќата во бесплатната игра.

Комплетните 13 парови од ова коло може да ги видите со притискање на копчето ПРОГНОЗИРАЈ.

- Оглас -

Најнови вести