Барселона е во неверојатна низа, Мурињо сите ги убедува дека Рома 100 отсто победува

6022 Барселона – Ајнтрахт Фракнфурт (21 ч.)

Барселона е во одлична форма и во последните 15 меча има 11 победи и само четири нерешени. Против Ајнтрахт, доволно ѝ е каква било победа за влез во полуфиналето од Лигата на Европа.

Ајнтрахт нема победа во последните шест меча (пет ремија и еден пораз), но факт е дека германскиот тим игра цврсто. Сепак, на „Камп ноу“ се знае кој е фаворит.

Предлог тип: 1&2-5 (1.81)

 

6803 Рома – Бодо/Глимт (21 ч.)

Ќе биде големо чудо ако Рома не се пласира во полуфиналето во Конференциската лига, но Бодо/Глимт досега се покажа како кошмарен ривал за Римската волчица. Овие два тима само во шест месеци одиграа три меча, во кои норвешкиот тим победи двапати, а еднаш одиграа нерешено.

Бодо/Глимт на Рома во тие три меча ѝ даде дури 10 гола, а сега на „Олимпико“ е со залиха од еден гол (поведа 2:1). Тренерот Жозе Мурињо е убеден дека Рома ќе победи и дека ќе оди во следната фаза.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

6895 Славија Прага – Феенорд (21 ч.)

Исто како Рома и Бодо/Глимт, така и Славија Прага и Феенорд играа и во групната фаза, а сега се борат за место во полуфиналето од Конференциската лига. Дуелите во групата завршија со 2:1 за Феенорд и 2:2, додека првиот меч од четвртфиналето е со резултат 3:3.

Едностано, овие два клуба играат отворен фудбал со многу голови, па просекот на постигнати голови треба да продолжи и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (1.83)

 

6023 Олимпик Лион – Вест хем (21 ч.)

Првиот меч во Лондон заврши 1:1 и сигурно ќе се води голема битка за место во полуфиналето во Лигата на Европа. На девет од последните 12 меча на Лион, немало повеќе од два гола.

И сега може да се очекува тврд натпревар без многу шанси, но сепак вечера ќе мора да има победник.

Предлог тип: 0-2 (1.85)

 

ПСВ – Лестер (18:45 ч.)

Првиот меч во Англија заврши без голови, со што ПСВ само ја продолжи низата од 15 меча без пораз во сите натпреварувања.

Тимот од Ајндховен на свој терен игра многу посигурно, напаѓачки и сигурно нема да дозволи да ги разочара фановите.

Предлог тип: 1 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести