Домаќините се доминантни и треба да победуваат

Интересни 16 пара има во денешниот Супер тип, на кој може да одберете еден меч со зголемен коефициент. Стандардно, доминираат фудбалските дуели, но има понуда и за оние кои се љубители на останатите спортови.

Тоа што е карактеристично за денешната понуда е дека домаќините се во улога на фаворити дури на 11 меча и на нив има зголемени квоти. ПСВ дома треба да слави над Лестер, а ќе биде неизвесно во Бергамо, каде што Атланта е домаќин на Лајпциг.

Глазгов ренџерс мора да победи ако сака да се надева да го спречи походот на Брага, а домашен триумф ќе брка и Олимпик Лион.

- Оглас -

Најнови вести