Многу единици и малку двојки типуваат мнозинството прогнозери за колото на Спортска

На 24 часа пред затворањето на можноста за типување за 31-вото коло на интересната и бесплатна Спортска прогноза, може да се забележи дека мнозинството прогнозери кои досега се изјасниле, на околу две третини од мечевите од Среќна 13-ка ги фаворизираат домашните тимови.

Ако ги погодите сите 13 меча, добивате „ајфон 12“, 12-ка носи ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка наградата е ваучер од 500 денари.

Во 31-вото коло може да се вклучите до сабота во 14 часот, кога почнува мечот Елче – Мајорка. За оваа средба, 55 отсто прогнозери веруваат во победа на домашните.

За големото дерби од полуфиналето на англискиот ФА куп, 49 отсто типувале дека Манчестер сити ќе победи во регуларните 90 минути, а двојка на Ливерпул ставиле помалку од 20 проценти.

Најчист кец треба да биде Валенсија – Осасуна. Над 90 проценти одиграле за победа на Лилјаците, а безмалку 90 отсто се за единица и на Лил – Ленс.

Убедливо најголема е изедначеноста кај бундеслигашкиот меч Баер Леверкузен – Лајпциг, каде што засега над 30 отсто се типувало на сите три можни конечни исходи и тука нема фаворит. Прилична поделеност има и за Севилја – Реал Мадрид. За победа на Севилја засега типувале 21,2 проценти, а за двојка 42,9 проценти, додека 35,8 мислат дека ќе заврши нерешено.

Комплетните 13 парови од ова коло може да ги видите со притискање на копчето ПРОГНОЗИРАЈ.

- Оглас -

Најнови вести