Жената на Левандовски несакајќи откри која е следната дестинација на голгетерот

Роберт Левандовски ќе биде еден од најатрактивните фудбалери кои летово може да го сменат клубот. Се погласно се најавува дека голгетерот на Баерн Минхен на крајот од сезоната ќе си замине од „Алијанц Арена“.

Според најавите, Барселона е клубот во кој Левандовски може да го видиме во новата сезона. Овие шпекулации се засилуваат откако денеска, жената на Роберт, Ана Левандовски јавно побара совет за тоа каде е најдобро да почне да учи шпански јазик.

„Здраво друштво. Почнувам да учам шпански јазик. Ако имате некаков совет ќе ми биде добредојден“, напиша Ана Левандовски на социјалните мрежи.

Токму Ана има големо влијание околу одлуката на Роберт Левандовски каде ќе ја продолжи кариерата, па оваа најава за учење шпански јазик е само дополнителна најава дека полскиот репрезентативец може да го облече дресот на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести