Уште пред да почне, се знае дека Јувентус ќе победи, но се очекува и Јунајтед конечно да се израдува

1002 Манчестер јунајтед – Норвич (16 ч.)

Од последните седум меча кои ги одигра, Манчестер јунајтед победи само еднаш и тоа едвај против Тотенхем. Ако продолжи со оваа очајна игра, Црвените ѓаволи може воопшто да не обезедат излез во Европа за следната година.

Норвич е најдобар можен ривал, затоа што тоа е последнопласираниот тим во Премиер лигата. Нема дилема дека домаќинот ќе се радува на „Олд Трафорд“.

Предлог тип: 1&2-4 (2.09)

 

1091 Манчестер сити – Ливерпул (16:30 ч.)

Втор пат за помалку од една недела ќе играат двата најдобри тима во Англија, а овојпат фештата ќе биде на националниот стадион Вембли во Лондон, затоа што ова е дуел од полуфинале во ФА Купот.

Сити и Ливерпул се пласираа и во полуфиналето од Лигата на шампиони, но меѓусебните дуели секогаш се одлични за гледање. На пет од последните шест меѓусебни средби се постигнуваат барем по четири погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.75)

 

3007 Јувентус – Болоња (18:30 ч.)

Јувентус уште има теоретски шанси да се бори за титулата, но сепак тренерот на Старата дама потенцираше дека најважно е да се задржи едно од првите 4 места на табелата. Болоња на гости игра многу слабо, а неверојатно е лоша традицијата против Јувентус.

На 17 од последните 18 средби на овие два тима, Јувентус победувал, а само еднаш било нерешено, па јасно е кој ќе ги освои трите бода.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

1303 Алавес – Рајо Вајекано (16:15 ч.)

Алавес е најслабиот тим во лигата, а Рајо е во мисија да не испадне. Убедливо најслаб напад има Алавес, а одбраната им е очајна. Сепак Рајо не е тим кој може многу да профитира во нападот, па освен што гостите се фаворити да освојат барем еден бод, не би требало да има многу голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.06)

 

1542 Порто – Портимоненсе (21:30 ч.)

Порто доминира во домашното првенство и уште нема ниеден пораз, а на домашен терен е со 12 победи и само две нерешени. Портимоненсе го има еден од најслабите напади во лигата и игра дефанзивно, но против Порто тешко дека ќе се одбрани.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.85)

- Оглас -

Најнови вести