Тотенхем одигра разочарувачки меч и изгуби од Брајтон со 0:1 во првиот меч од 33-то коло од англиската Премиер лига.
Тимот од Лондон кој што важеше за фаворит и прекупотребни му беа трите бода во борбата за пласман на место кое што носи во Лигата на шампионите, го одигра можеби и најлошиот натпревар во сезоната, а мизеријата за домаќините ја потврди Леандро Трусард во 90-та минута.
„Петлите“ остануваат на 57 бода и три повеќе од Арсенал кој има и два натпревари помалку.
Ако се гледаат сите саботни натпревари од раниот термин, тогаш навистина резултатите се разочарувачки за играчите. Калјари го совлада Сасуоло само со 1:0, а голем број оваа средба ја одиграа на голови.
Сампдорија важи за огромен фаворит против фенерџијата Салернитана во Серија А, но по првото полувреме има негатива од 1:2.
Во германската Бундеслига 2која што е омилена за играње на голови, на три натпревари, Динамо Дрезден – Кил, Хановер – Фортуна Дизелдорф и Сандхаузен – Сент Паули видовме само два гола и тоа ги постигнаа Сандхаузен и Сент Паули.