Голема трагедија: Почина новородениот син на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо и Георгина Родригес преку социјалните мрежи соопштија една многу тажна вест. Почина машкото бебе при породување на Георгина, која беше трудна со близнаци. Машкото бебе почина, а девојчето е живо.

„Со најголема жалост објавуваме дека почина нашето бебе. Тоа е најголема болка што еден родител може да ја осети. Самото раѓање на нашето девојче ни дава сила да продолжиме во овој момент со малку надеж и среќа. Благодарност до лекарите и медицинските сестри за целата дадена нега и поддршка. Бараме мир и приватност во овие моменти. Наше дете, ти си наш ангел. Засекогаш ќе те сакаме“, стои во соопштението од Роналдо и Родригес.

Георгина во октомври минатата година откри дека е трудна со близнаци и дека чекаат момче и девојче.

- Оглас -

Најнови вести