Ова е коло само за најискусните, викендов е сè дерби до дерби

Новото 32-ро коло на Спортска прогноза веќе стартуваше, а дефинитивно ќе биде посебно. Голем број дерби-мечеви во европските натпреварувања се дел од понудата за ова коло.

Возбудувањата ќе започнат со дербито на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, а интересни мечеви ќе има и во Италија, Германија и Шпанија. Во Серија А ќе има два дуели на екипите од Рим и Милано. Интер е домаќин на Рома, а Лацио на „Олимпико“ е домаќин на Милан.

Во Германија се игра најголемото дерби во кое Баерн во Минхен е домаќин на Борусија Дортмунд, а Шалке игра против Вердер. Во Шпанија се игра куп-финале меѓу Бетис и Валенсија, што е само како додаток на неверојатно возбудливиот викенд кој следи.

Како и во секое коло, главниот предизвик за сите обложувачи е погодување на Среќна 13-ка, која може да ви донесе мобилен телефон „ајфон 12“. Со 12 и 11 погодени се добиваат вредносни ваучери од Sport Life од по 1.000 и 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести