Ливерпул ќе демонстрира сила во најголемото англиско дерби

1001 Ливерпул – Манчестер јунајтед (Премиер лига Англија, 21 часот)

Големото англиско дерби ретко кога во историјата имало ваков изразит фаворит. Машинеријата наречена Ливерпул ќе се обиде да ја продолжи својата шампионска форма со победа над големиот ривал Манчестер јунајтед.

Сите знаеме како заврши првата средба на „Олд Трафорд“, а можеби и не до толкава мера, но и вечерва се очекува такво нешто.

Ливерпул осум средби не знае за пораз, додека формата на Манчестер е топло-ладно. Без Рафаел Варан во тимот, а со Хари Мегваер и Виктор Линделоф како дефанзивци, Давид де Хеа ќе треба да има неверојатен ден за да ги спаси гостите од дебакл.

Предлог тип: 1-1 (2.04)

 

1022 Фулам – Престон (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Фулам е на чекор од обезбедување промоција во Премиер лигата, а тоа може да го стори уште вечерва.

Победа над Престон им гарантира влез во најсилната англиска лига, каде што голема е веројатноста дека наредната сезона ќе водат тешка битка за опстанок. Александар Митровиќ и соиграчите се подготвени уште со триумф над Престон пред своите навивачи да ја прослават промоцијата и со тоа да го започнат славењето на четири гола до крајот.

Гостите, пак, без некој поголем резултатски притисок, иако евентуална победа им дава какви-такви шанси за да се надеваат на бараж бидејќи со три натпревари до крај, би имале пет бода заостанување зад позициите коишто водат во плејофот.

Предлог тип: Т11+I&1+II (2.20)

 

3031 Интер – Милан (Полуфинале, Копа Италија, 21 часот)

Големите милански ривали кои сезонава бијат битка и за титулата во Серија А, вечерва ќе ги одмерат силите во вториот полуфинален меч од Копа Италија, откако првиот заврши 0:0.

Формата на Интер значително се подобри во последните натпревари, додека таа на Милан и не е баш на највисоко ниво, ако се одземе средбата против Џенова.

„Сан Сиро“ и вечерва ќе блесне во сиот свој сјај и ќе биде исполнет до последното место, а ние сметаме дека некој од Лаутаро Мартинез, Един Џеко, Алексис Санчез или Хоаким Кореа ќе има своја вечер на теренот.

Предлог тип: Т12+ (2.14)

 

5711 Висел Кобе – Китче ФЦ (Лига на шампиони Азија, 13:00 часот)

Јапонскиот тим ги стартува активностите во најелитното натпреварување во Азија, каде што важи за еден од фаворитите од сенка.

Кобе во своите редови ги има искусните Андрес Иниеста, Серџи Сампер како и Бојан Кркиќ, сите тројца своевремено играчи на Барселона, а Иниеста секако дека остави најдлабока трага.

На спротивната страна го имаат првакот на Хонг Конг, кој веќе одигра еден меч и ги запиша првите три бода, и тоа против тајландскиот тим Чијанграи.

Победата на Висел Кобе не би требало да дојде во прашање, а за уште подобар коефициент ќе бараме и да видиме најмалку два гола на средбата.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.72)

 

1033 Ипсвич – Виган (Лига 1 Англија, 20:45 часот)

Денешната петорка за обложување ја заокружуваме со средбата од Лига 1 во Англија.

Виган како лидер ќе гостува кај Ипсвич, којшто нема никаков резултатски притисок. Од друга страна, пак, Латикси на последните две средби немаат победа и сега се само на четири бодови предност пред второпласираниот Ротерам, но и третопласираниот МК Донс.

Сето тоа е најава дека треба да се стави крај на мини кризата, но и на лошата серија на гостувањата против Ипсвич, каде што Виган нема победа дури од 2014 година.

Предлог тип: 2 (2.75)

- Оглас -

Најнови вести