Одлично е 32-рото коло на Спортска прогноза со неколку дерби-натпревари и важни мечеви во финишот на сезоната, па вреди да се одигра за убава награда „ајфон 12“ што ја доделуваат Спорт Манија и Sport Life за погодена Тринаесетка.
Самиот почеток ветува возбудливо коло и во сабота во 13.30 часот ќе играат Арсенал и Манчестер јунајтед во дуел што може да одлучи која екипа ќе остане во трката за место во Лигата на шампионите.
Во истиот термин ќе се игра и второлигашкото дерби во Германија меѓу Шалке 04 и Вердер Бремен, а и тука влогот е огромен.
Дарко Чурлинов со Шалке ќе се обиде да победи и ако успеат, тоа би значело речиси сигурна промоција во Бундеслигата.
Вердер е втор на табелата и заостанува за два бода зад Шалке, а двете првопласирани екипи сигурно ќе бидат нови бундеслигаши.
Финишот во сабота е за мерак, а прво ќе се игра германскиот Дер Класикер меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд од 18.30 часот, а потоа од 22 часот и меч за пехарот во шпанскиот куп меѓу Бетис и Валенсија на „Картуха“ во Севилја.
И во недела има интересни двојки, вкупно се шест со фокус во Рим, каде што Лацио ќе му биде домаќин на Милан од 20.45 часот, што е последен меч на распоредот во 32-рото коло на Спортска прогноза.
Главната награда за секое коло е прекрасниот „ајфон 12“, а играта е бесплатна и забавна со уште многу награди.
За една утка, односно 12 погодени натпревари се добива вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а за два промашени меча, или 11 погодоци ви следува ваучер од 500 денари.
Во финишот на сезоната многу неизвесна е и битката во Генералниот пласман и за шампион на Спортска прогноза.
Најдобриот пргнозер ќе добие ТВ смарт од 48 инчи, а следните четворица зад него ќе бидат наградени со многу поени за пазарење во Маркетот на Sport Life.