Ѓоковиќ сака да го стигне Федерер: Секој ден му ги бројам Гренд слем титулите

Новак Ѓоковиќ вчера го освои ревијалниот турнир во Мубадала, Абу Даби, откако по три сета (2-1) беше подобар од Кевин Андресон. Најдобриот светски рекет на тој начин успешно ја отвори новата тениска сезона, а по самото финале истакна дека сака да игра на високо ниво до крајот на кариерата, и воедно да се обиде да го стигне Федерер по бројот на Гренд слем титули.

„Ќе излажам ако кажам дека не размислувам да го надминам Федерер по бројот на Гренд слем титули. Му ги бројам секој ден, секако дека би сакал да освојам што е можно повеќе од најпрестижните пехари. Тоа е мојата цел. Да играм на највисоко ниво до крајот на мојата кариера, колку и да трае, би сакал со сите да се борам за првото место“, истакна Ѓоковиќ.

Швајцарскиот тенисер засега има 20 Гренд слем титули, Ѓоковиќ има шест помалку.

Српскиот тенисер веќе се подготвува за нов турнир. На АТП Мастерс 250 турнирот во Доха, Ѓоковиќ утре ќе игра против Дамир Џумхур.

- Оглас -

Најнови вести