Кобајаши триумфираше во Оберстдорф

Риоју Кобајаши е победник во Оберстдорф на почетокот на традиционалната турнеја во скијачки скокови, „Четири скокалници“. Кобајаши кој има 22 години, е првиот Јапонец после пауза од 17 години, кој славел на една од четирите скокалници од новогодишната турнеја.

Второто место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер, а трети е Штефан Крафт од Австрија. Кобајаши водеше по првата тура, и со скокот во втората серија, успеа да го задржи врвот. Разликите беа многу мали, и четвртиот Андреас Стјернен беше блиску до подиумот, па ова е најава за одлична турнеја, за разлика од лани, кога доминираше Камил Штох со победа на сите четири скокалници. Денеска Полјакот го освои осмото место.

Сега следува натпреварувањето во Гармиш Партенкирхен на 1 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести