Баерн ја пронајде замената за Левандовски, но ќе има еден голем проблем

Роберт Левандовски најверојатно ова лето ќе го напушти Баерн Минхен и ќе замине во редовите на Барселона.

Полјакот нема да го продолжи актуелниот договор кој му истекува на крајот од следната сезона, додека неговиот актуелен тим ќе сака да заработи пари од неговата продажба.

Баерн Минхен веќе бара замена за него, а се чини дека ја најде во Хари Кејн. Врвниот голгетер на Тотенхем е првата цел на Баварците како замена за Полјакот, но има еден голем проблем.

Тотенхем не планира да се ослободи од неговите услуги под 100 милиони евра, додека Баерн е познат по тоа што не одвојува толкава сума пари. Останува да се види дали ќе има некакви преговори меѓу овие два тима и евентуално вклучување на други фудбалери со цел намалување на бараната сума.

- Оглас -

Најнови вести