Ќе се ценкаат гигантите – На Барса и фалат три милиони евра за да го купи Левандовски

Барселона испрати официјална понуда до Баерн за да го купи Роберт Левандовски и нуди отштета од 32 милиони евра.

Баварците одредија цена и таа изнесува 35 милиони евра за Кралот на стрелците во Европа, па сега останува одговорот на Барса, дали ќе додаде уште 3 милиони евра за да го донесе одличниот полски репрезентативец.

Левандовски има уште една година од актуелниот договор со Баерн, но сака да игра за Барселона испоред шпанските медиуми веќше ги договорил и личните услови со шпанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести