Симпатизерите на македонската фудбалска репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни на меч од Лигата на нации, од денеска можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Цената на билет за натпреварот е 600 денари, а можат да се купат на овој ЛИНК.
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4312
Продажбата ќе трае до понеделник, 30. мај. Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник, 31. мај, преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација, а потребно е да се наведе име и презиме, датум на раѓање, број на пасош и контакт телефон
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
Мечот ќе се игра на 2. јуни во Разград од 18 часот и е премиерен за Македонија во новиот циклус на натпревари во Лигата на Нации.