Им подготвуваме Разград-систем на Бугарите, Македонија има квалитет за победнички старт во Лигата на Нации (Фото)

Со насмевки на лицата нашите репрезентативци го одработија денешниот тренинг на комплексот на Фудбалската федерација како дел од мини-подоготвките за јунската испитна сесија во Лигата на Нации.

Најважен е премиерниот меч со Бугарија на 2. јуни во Разград и иако гостуваме очекуваме победа.

Македонија игра добро има одлична генерација која настапи на Европско првенство и играше и финален бараж со Португалија за место на Мундијалот во Катари очекува да ја продолжи убавата приказна.

Селекторот Благоја Милевски успешно го наследи на клупата Игор Ангеловски, а и двајцата имаа истироски настапи на ЕП, Милевски со младинците во 2017 година во Полска, а Ангеловски со сениорите лани во Букурешт и во Амстердам.

Токму Милевски ќе биде главниот стратег за да се подготви Разград-систем за победа против Бугарите на стадионот на Лудогорец на 2. јуни од 18 часот.

Потоа ќе играме повторно на гости со Гибралтар на 5. јуни, па следат два домашни испити, против Грузија на 9. јуни и повторно со Гибралтар три дена подоцна во обидот да се освои првото место во нашата група што не води на добар пат кон Б сементот во Лигата на Нации.

- Оглас -

Најнови вести