Давид Бабунски го знае рецептот: Треба да уживаме, да бидем скромни и да го радуваме народот со нови успеси (Видео)

Давид Бабунски успешно се врати во националниот состав и е на списокот со 28 репрезентативци што го објави селекторот Благоја Милевски за четирите јунски натпревари на Македонија во Лигата на Нации.

Големиот талент што ја мина комплетно познатата Академија на Барселона, Ла Масија успеа да направи пресврт и да се приклучи повторно во А репрезентацијата што ни донесе многу радост со настап на ЕП, лани и со одличен настап во квалификациите за Мундијалот во Катар, кога ја победивме Италија и стасавме до финален бараж во кој загубивме од Португалија.

„Треба да останеме скромни, да продолжиме да работиме напорно и да напредуваме. Најважно е што уживаме при секој повик во националниот состав,во секоја минута на терен и верувам дека со таков однос ќе продолжиме да го радуваме народот со добри игри и резултати. Среќни сме што сега на нас гледаат како на фаворити, а тоа е сосема заслужено, според игрите и резултатите во последниот период. Огромна привилегија е што сме тука и сакаме максимално да го искористиме тоа“, вели Бабунски.

Изјавата на Бабунски можете да ја погледнете ОВДЕ.

Македонија има згуснат распоред од четири натпревари во јуни во кус рок од десеттина дена, а премиерата во новото издание на Лигата на Нации е на 2. јуни против Бугарија во Разград.

Потоа ќе му гостуваме на Гибралтар на петти јуни, а со Грузија ќе играме дома на 9. јуни.

Финишот на јунската исптитна сесија е на 12. јуни со нов меч против Гибралтар, овојпат во Скопје.

 

 

- Оглас -

Најнови вести