Македонската репрезентација слета во Варна, Бугарите подготвуваат специјално изненадување во Разград

Македонската фудбалска експедиција веќе пристигна во Варна, од каде со автобус ќе патува за Разград, градот домаќин на премиерниот меч против Бугарија во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.

Мечот што е прв за двете селекции во новиот циклус на натпревари во Лигата на Нации ќе се игра на 2. јуни од 18 часот, а од утре домаќините во Разград подготвуваат специјално изненадување.

На 1. јуни ќе биде отворена фан-зона на плоштадот Ларго во Разград, со забавни содржини наменети за жителите на овој град, но и за гостите.

Во фан-зоната ќе има и македонски навивачи, а Бугарите најавуваат дека сакаат да организираат фудбалски спектакл за уживање за сите и за домашните и за гостинските навивачи.

На 2. јуни во фан-зоната ќе може да се следи и натпреварот за сите што нема да можат да купат билети.

 

 

- Оглас -

Најнови вести