Србите се жалат: Голот на Халанд е нерегуларен, како во ВАР-собата не видоа офсајд? (видео)

Норвешка со голот на Ерлинг Халанд вчера славеше минимално против Србија на гостувањето во Белград, но домаќините се жалат дека загубиле на нерегуларен начин.

Наводно, при акцијата за решавачкиот гол, играчот кој асистираше Маркус Педерсен не бил во дозволена позиција, меѓутоа судиите во ВАР-собата не го забележале тој момент на штета на Орлите.

„Беше мал офсајд. Коленото на играчот во бел дрес е за нијанса понапред, ме чуди зошто од ВАР-собата немаше реакција. Оштетени сме“, вели српскиот судијски експерт Дејан Недиќ.

Дали навистина Норвешка на нерегуларен начин ги освои бодовите на стадионот „Рајко Митиќ“, проценете сами.

- Оглас -

Најнови вести