Баерн почна да попушта, ја одреди цената за Левандовски

Според информациите на весникот „Билд“, Баерн Минхен би го продал Роберт Левандовски за 40 милиони евра.

Баварците не сакаат да се откажат од Полјакот со кој имаат договор уште една година, но доколку Левандовски остане на ставот дека веќе не сака да игра за Баерн, клубот веројатно нема да има друг избор, освен да го продаде.

Левандовски кој во август ќе наполни 34 години, ќе може да си оди од Баерн, ако некој клуб плати отштета од 40 милиони евра. Интерес за Левандовски има од Барселона која е во финансиски проблеми. Барса ќе мора да продава играчи ако сака да донесе нови. Леви го посакуваат и во Челзи, како замена за Ромелу Лукаку кој си оди, но желба на Полјакот е да игра во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести