Левандовски: Нешто „умре“ во мене, затоа сакам да заминам од Баерн

Првата ѕвезда на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, повеќе не се гледа во црвениот дрес и посакува да се најде решение околу неговата желба да го смени клубот ова лето.

Барселона притиска да го обезбеди ангажманот на полскиот бомбардер, на кого во овие моменти најважно му е да замине од редовите на германскиот шампион, а дури потоа да размислува за нов клуб.

„Моментално најважно ми е да заминам од Баерн Минхен. Лојалноста и почитта се многу поважни од самата работа како фудбалер. Најдобро е заедно да најдеме решение околу ситуацијата. Нешто „умре“ во мене, сакам да чувствувам повеќе емоции во животот, затоа и ја донесов одлуката да го напуштам клубот“, истакна Левандовски за полските медиуми.

Покрај интересот од Барселона, се шпекулира дека и Челзи е загреан за услугите на Левандовски, меѓутоа самиот Роберт преферира да игра во каталонскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести