Ги копираат Германците: И Шпанија ќе игра во женски дресови (фото)

Шпанската фудбалска репрезентација со идентичен гест како Панцерите, ќе носат женски дресови за поддршка на женската селекција на Црвената фурија, која во јули ќе настапи на Европското првенство за жени.

На Шпанците им претстојат два дуели во Лигата на нациите во јунскиот циклус, утре против Швајцарија и на 12 јуни против Чешка. Токму за последниот дуел избраниците на Луис Енрике ќе го направат гестот кој ќе го играат на домашен терен во Малага.

Инаку светскиот првак од 2010 година засега бележи две ремија во исто толку меча и е зад Португалија и Чешка со два бода на третото место во групата 2 од Сегментот А во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести