Уеска ги дочека своите пет минути

Уеска го совлада Бетис со 2-1 во последниот меч од денешната програма од Ла Лига. Новајлиите конечно ги дочекаа своите пет минути, па со пресврт ја забележаа само втората победа сезонава во првенството, а воедно ја прекинаа серијата од 16 меча без позитивен резултат.

Се чинеше дека гостите рутинирано ќе слават откако Санабрија им донесе предност во 55-тата минута со гол од белата точка. Но, фудбалерите на Уеска не се предадоа предвреме, па во 74-тата минута следуваше израмнување преку Фереиро.

Само пет минути подоцна, Ривера заби за 2-1 и направи целосен пресврт во корист на својата екипа.

Со само втората победа по 18 кола во Ла Лига, Уеска и натаму е последна екипа на табелата со само 11 бода, пет помалку од Рајо Валјекано. Бетис ќе чека пораз на Хетафе од Барселона за и по ова коло да остане на шестата позиција со 26 бода, четири помалку од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести